

Од 14 до 16 ноември во SPA Resort St. Ivan Rilski, во Банско, соседна
Бугарија, нашата групација ја одржа втората менаџерска конференција,
годинава под мотото „Тимот ја гради иднината“
Главната порака испратена од говорницата беше дека само со цврство
заедништво, сплотеност и доверба се градат резултати и успех и тоа не
само во канцеларија, туку и преку вакви настани на поврзување на тимот,
подобрување на комуникациските вештини и надградување и зацрврстување на
односите помеѓу вработените. Во тој дел помогна и лиценциран
тренер/обучувач со своето искуство, стручност и методи.
По оваа конференција, со убава нова енергија се враќаме да ги завршиме
предвидените обврските до крајот на оваа 2025 година и имаме јасен
концепт, цели и планови за следната.