PRO Energo DOO Bitola, e реномирана компанија во областа на енергетиката, основана во 2016, која ги опфаќа услугите за проектирање, изведба и надзор на електрични, индустриски и електроенергетски инсталации, проектирање и изведба на електроенергетски објекти, мерење и испитување на постоечки инсталации и заземјувачки системи на секаков тип на објекти.
Главната цел на компанијата е остварување на оптимални и конкурентни проектни решенија, нудејќи ги најдобрите услуги на клиентите и инвеститорите преку користење на нивните знаења во индустријата и високостручната техничка експертиза.