

Слоганот на овогодишното издание ќе биде “Градиме подобри патишта, за
побезбедна иднина”.
Научници, професори и експерти од областа на патишта од Македонија и
Европа најавија учество што е можност за размена на позитивни искуства и
знаења.
Дел од темите ќе бидат : планирање и проектирање, управување, изградба и
одржување, безбедност на сообраќајот на патиштата, заштита на животната
средина и одржлив развој, инфраструктурни објекти, транспортна политика
и финансирање, ITS и нови технологии во сообраќајот, примена на
вештачката интелигенција во патната инфраструктура, слободни и сродни
теми од областа на патишта и презентација на нови проекти и останати
видови на сообраќај (железнички, воздушен, воден и интернет) status,
projects and development prospects.