

ПОЕТСКИ КОНКУРС
По повод одбележување на 4 Ноември, роденденот на нашата Битола, BV Business Group
објавува
Поетски конкурс на тема
Есен во Битола
• Право на учество
На конкурсот можат да учествуваат ученици од основните и средните училишта од општина
Битола, општина Могила, општина Новаци.
Учесниците ќе бидат поделени во три категории:
I категорија – ученици од I – V одделение кои ќе се натпреваруваат во творење на пoeзија,
песна на зададената тема.
II категорија – ученици од VI – IX одделение кои ќе се натпреваруваат во творење на пoeзија,
песна на зададената тема.
III категорија – ученици од I – IV година од средните училишта кои ќе се натпреваруваат во
творење на поезија, песна на зададената тема.
Поетските творби не треба да бидат подолги од една страница А4 формат, напишани на
кирилица, Times New Roman/фонт 12.
Секој ученик на овој конкурс има право да учествува со по еден труд.
Изборот на најдобрите литературни творби во форма на поезија, песна ќе го изврши стручна
комисијата. Комисијата ќе даде оценка за доставените трудови и ќе изготви извештај со листа
за наградени ученици. Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот најдоцна во рок од 7
(седум) денови од последниот рок за предавање на трудовите. За резултатите наградените
ученици и училишта како и менторите ќе бидат писмено известени од страна на организаторот
на конкурсот, а истите ќе бидат објавени и на веб страната на BV Business Group
www.bvgroup.mk.
• Награди
Сите пристигнати поетски творби ќе бидат поделени во три групи согласно образовниот степан
(I-Vодд.,VI-IX одд и I-IV година ). По една песна односно вкупно три оргинални дела ќе бидат
наградени со I место и една песна со Гран при.
Авторите ќе добијат пофалница и вредносни ваучери, а нивните творби ќе бидат објавени на
веб-страната на организаторот на конкурсот www.bvgroup.mk.
Сите пристигнати песни ќе бидат објавени на профилот на социјалниот медиум facebook на
организаторот на конкурсот, 5(пет) денови по крајниот рок за доставување на творбите.
• Права на организаторот на конкурсот
BV Business Group го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи пристигнатите
литературни трудови за некомерцијални цели. Исто така го задржува правото да врши
објавување, умножување и промоција за свои потреби.
• Доставување :
Секоја литературна песна во форма на поезија, пропратена со личните податоци на
ученикот/чката, училиштето, менторот и контакт информации од ученикот/чката, во затворен
плик со назнака „Поетски конкурс 2025“ се доставуваат на адреса: BV Business Group,
ул.Елпида Караманди бр.13-10/1 Битола, лично во архивата на компанијата или во
електронска форма на info@bvgroup.mk. За дополнителни информации заинтересираните
можат да се обратат е-маил: info@bvgroup.mk. Крајниот рок е 24.10.2025 год. до 15 часот.