
Со новогодишната забава ги заокруживме успесите на годината и уште еднаш ја прославивме силата на тимот. Во пријатна и празнична атмосфера, вработените од нашите компании имаа можност да се дружат, да наздрават за заедничките достигнувања и да го дочекаат новиот почеток со позитивна енергија.
Посебен момент на вечерта беше доделувањето на јубилејните награди за 5 и 10 години стаж – признание за посветеноста, лојалноста и континуираниот придонес на нашите колеги кон растот и успехот на компаниите. Нивната професионалност и тимски дух се темелот врз кој ги градиме идните цели.
Со благодарност до сите вработени, продолжуваме со уште поголема мотивација и визија за нови успеси во годината што следува.