

БВ ИНЖЕНЕРИНГ беше спонзор на 21 издание на Меѓународниот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија кој се одржа од 24 до 27 септември во Охрид, под мотото “Градежно конструкторство – без ограничувања”.
БВ ИНЖЕНЕРИНГ на штандот имаше специјалниот изложбен простор со цел подобро запознавање, вмрежување и остварување соработка со сите учесници од земјата и странство.

Дигиталната ера забрзано ги поместува границите на човечкото делување. Како тоа се одразува и ќе се одразува на нашата професија разменивме сознанија и искуства со домашни и светски експерти. Се запознавме и со научни и стручни трудови кои го збогатија нашето знаење и го променија погледот на нашата дејност денес.