
По повод одбележувањето на 21 март – Денот на пролетта и екологијата,
“BV Business Group” објавува
КОНКУРС
за најдобар цртеж на тема :
“Ние сме еко-суперхерои од Битола “
1. Право на учество
На конкурсот можат да учествуваат деца од детските градинки и ученици од
основните училишта од општина Битола, Могила и Новаци.
Учесниците ќе бидат поделени во три категории:
– I категорија – деца во детски градинки на возраст од 4 – 6 години.
– II категорија – ученици од I – V одделение.
– III категорија – ученици од VI – IX одделение.
Секој ученик на овој конкурс има право да учествува со еден цртеж.
Цртежите се испраќаат во оргинална форма или скенирани со соодветна
резолуција. Дигитална доработка не е дозволена.
2. Награди
Ќе бидат доделени 3 (три) Гран-при награди (по една од секоја категорија
од страна на стручна комисија) и една награда по избор на публиката.
Пристигнатите творби ќе бидат објавени на профилот на социјалната мрежа
Facebook најдоцна 5 (пет) дена по крајниот рок за предавање на трудовите
и за истите ќе може јавно да се гласа. Наградените учесници ќе бидат
објавени најдоцна 10 (десет) дена по крајниот рок на предавање на
трудовите и ќе добијат пофалници и вредносни ваучери. За резултатите
наградените ученици и училишта како и менторите ќе бидат известени од
страна на организаторот на конкурсот, а истите ќе бидат објавени и на
веб страната на “BV Business Group”, www.bvgroup.mk.
3. Права на организаторот на конкурсот
Организаторот го задржува правото пристигнатите творби да ги користи за
некомерцијални и промотивни цели.
4. Доставување на трудовите
Цртежите се доставуваат по пошта или електронски на info@bvgroup.mk.
Задолжителни податоци:
– Име и презиме
– Возраст
– Назив на градинка/училиште
– Телефон за контакт
Адреса за доставување:
BV Business Group
ул. Елпида Караманди бр. 13-10/1, Битола
Краен рок за доставување: 06.03.2026 година до 15:00 часот.
Со почит,
BV Business Group – организатор
PR Link Marketinng – ко-организатор