Денот на пролетта, денот на екологијата и денот на планетата се само потсетник како треба да се однесуваме кон природата. А битолската групација BV Business Group тоа го покажа со неколку акции во периодот кој изминува.
Хортикултурно уредување на дворовите во ОУ “Коле Канински” и во детската градинка “Коца Васеилева”, беше изборот за оваа компанија, во која учествуваа вработените со цел да ги разубават катичињата под отворено небо, за најмладите жители на Битола.
“Се грижиме за околината во која живееме и во која работиме. BV Business Group во својата мисија има силна определба дека не е само бизнисот важен, па така водиме грижа да учествуваме ефективно во социјалниот, еколошкиот и економскиот напредок на нашето окружување.”-истакна Крсте Неделковски, генерален директор на групацијата кој со својот тим лично учествуваше во акциите.
Ова е еден убав пример како се создаваат долгорочни врски и трајни вредности, а општествено одговорниот однос се темели на вакви акции. Пример кој покажува како се поттикнуваат вработените на активизам и учество во општествено одговорните активности. Вработените во двете институции и децата беа среќни во деновите кога нивните дворови добија поинаков изглед.
“Оној кој засадува дрво, засадува надеж. Ова е нова ера во која приватните компании мора да размислуваат општествено одговорно”-стои во соопштението на групацијата.
Прочитајте повеќе