Bv Business Group беше дел од третиот саем за вработување, практиканство
и стипендии кој се одржа на 2 април од 11 до 14 часот на Техничкиот
факултет во Битола. Нашиот штанд го посетија голем број на студенти и
средношколци матуранти и накратко беа запознати со работата во нашата
групација како и можностите кои ги нудиме. Оваа почитувана
високообразовна институција го организираше саемот со цел да биде
директна врска меѓу нив и фирмите од реалниот сектор, науката и
стопанството. Убаво е да се знае дека професијата инженер е една од
најкреативните и најбараните професии на пазарот на трудот.