БВ Инженеринг како дел од BV Business Group , која успешно работи во градежниот сектор веќе 20 години, оваа година по повод својот јубилеј, одлучи секој месец да донира одредена количина на оброци за Народната кујна во Битола. Оваа хумана акција е направена за социјално ранливите категории кои се евидентирани во Народната кујна и на кои им е потребен оброк.
-Со овие донации кои течат веќе неколку месеци и нашиот план е да продолжат во континуитет и во иднина, даваме пример како компанија, дека на тие штитеници на Народната кујна, не им потребен топол оброк само околу големите празници, како што вообичаено се донира кај нас, туку почесто. Народната кујна е дом и место за прехранување на лица кои се во тешка социјална положба и верувајте секоја поддршка им значи, истакна Крсте Неделковски директор на “БВ инженеринг“.
Добро е она што се има да се сподели со оние што го немаат.
Прочитајте повеќе