
По повод Денот на пролетта и екологијата, 21 март, Bv Business Group, во
соработка со ПР Линк Маркетинг, по четврти пат го организираше ликовниот
конкурс на тема „Ние сме еко-суперхерои од Битола“. Учество зедоа деца
од детските градинки и ученици од основните училишта од општините
Битола, Могила и Новаци. На конкурсот пристигнаа 97 ликовни творби.
Жирито, под водство на професорот Стефан Талев, избра три победници, по
еден во секоја категорија.
Во првата категорија (деца од детски градинки на возраст од 4 до 6
години), победник е Сара Стојановска.
Во втората категорија (ученици од 1 до 5 одделение), победник е Тео
Трајковски.
Во третата категорија (ученици од 6 до 9 одделение), победник е Ева
Пејчиновска.
Цртежите беа објавени и на нашата официјална Facebook страница, каде што
беше отворено и гласање. Победник, според бројот на гласови заклучно со
19.3.2026 година во 14:00 часот, беше Лина Петровска.
Овие млади таленти ни покажаа дека вистинските херои се еко-суперхероите
кои ја чуваат природата и се инспирација за позелена иднина.
Текст: Пр Линк Маркетинг
Фотографии : Приватна архива на компанијата