

Bv Business Group“ како општествено одговорна компанија по повод
одбележување на 4 Ноември, роденденот на нашата Битола, веќе
традиционално по трет пат организираше литературен конкурс, овојпат на
тема поезија “Есен во Битола.
Според пропозициите, во конкуренција беа земени 36 творби кои ги
исполнуваа условите за учество на ученици од основните и средните
училишта во Битола, Могила и Новаци. Победниците во трите категории ги
избраа професорите по македонски јазик и литература м-р Бисера Бијелиќ
Стојчевска и Никола Трајковски.
Во првата категорија ученици во основните училишта од прво до петто
одделение победи Ана Петровска.Во категоријата од шесто до деветто
одделение за најдобра беше избрана Антонија Вишиноска,а во последната
категорија, ученици од средните училишта од прва до четврта година, Мила
Нечовска.Според гласовите на публиката на социјалната мрежа facebook,
победничка беше Миа Димевска.
Bv Business Group“ им честита на победничките, а на сите останати
учесници и нивните ментори, од срце им се заблагодарува за посветеноста
и креативноста во творењето.
Текст: Пр Линк Маркетинг
Фотографии : Приватна архива на компанијата